X
 23.02.2023 Наука

Откриена е галаксија што нема ѕвезди

Нормално е да мислиме дека галаксиите имаат ѕвезди, но научниците сега веруваат дека откриле галаксија без ѕвезди. Станува збор за нов феномен наречен „темни галаксии“, кои се речиси целосно составени од темна материја. Околу 27 отсто од универзумот е составен од темна материја.

Научниците сметаат дека откриле мала џуџеста галаксија која речиси нема ѕвездена маса. Таа е составена од многу гасови, слично како другите галаксии, но главната разлика е во тоа што нема ѕвезди. Оваа галаксија била откриена со најголемите телескопи во светот, а се наоѓа на околу 1,25 милиони светлосни години.

- Ова е првпат како се открива изолирана темна галаксија богата со гасови во блискиот универзум - стои во истражувањето во кое се објаснува откритието.

Галаксијата наречена ФАСТ Ј0139+4328 има ротирачки диск од гасови и во неа доминира темната материја, но таа нема ѕвезди, што може да покажува дека е на почетокот на формирањето.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука