X
 17.11.2020 Наука

Зошто НАСА сака да постави нуклеарна централа на Месечината?

Американската вселенска агенција НАСА и министерството за енергетика на САД ќе бараат предлози за изградба на нуклеарна централа на Месечината, а подоцна и на Марс. Планот е да се воспостави систем за летање, летало и реактор до 2026 година.

Антони Каломино од НАСА вели дека се планира да се создаде нуклеарен реактор со производствен капацитет од 10 киловати електрична енергија кој ќе биде поставен на Месечината оваа деценија. Реакторот ќе биде произведен и составен на Земјата и ќе биде тестиран овде пред да биде испратен со специјално летало на нашиот природен сателит.

Уредот ќе се тестира на Месечината најмалку една година пред да се работи на подолги мисии на Месечината, Марс и подалеку во вселената. Како што вели Каломино, производството на големи количества електрична енергија на планетарните површини ќе овозможи вселенски истражувања од големи размери, воспоставување човечки станици и комерцијализација на овие ресурси.


Фото: Pixabay

Нуклеарната централа што ќе биде испратена на Месечината ќе може да произведува околу 10 киловати електрична енергија во период од околу 10 години. Електрична енергија од 10 киловати може да биде доволна за напојување три или четири големи домаќинства.

Каломино открива дека 22 големи и мали компании веќе покажале интерес за доставување предлог за нуклеарната централа што ќе биде поставена на Месечината.

Дали поставувањето нуклеарен реактор на Месечината е безбедно? Професионалците од областа велат дека безбедноста не е причина за грижа бидејќи астронаутите веќе користеле нуклеарна енергија на Месечината и во минатото. Мисијата „Аполо 12“ во 1969 била првата мисија што користела систем за нуклеарна енергија на Месечината.

Автор: Даниел Букспан
Извор: cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука