Еден од основачите на американската технолошка компанија „Епл“, Стив Вознијак, најави нова приватна вселенска компанија.
Во објава на „Твитер“, Вознијак изјавил дека новата вселенска компанија ќе биде различна од другите, а нејзината мисија е да понуди патувања во вселената кои се безбедни и достапни за сите. Сè уште не се знае многу за компанијата.
Вознијак е еден од неколку претприемачи што влегоа во овој сектор последниве години. Претходно основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја основа „Блу ориџин“ и патуваше во вселената, а директорот на „Тесла“, Илон Маск, е на чело на вселенската компанија „Спејс-екс“.
Извор:
Cnet
Фото:
Wikipedia/Gage Skidmore