X
 05.11.2019 Живот

Заборавете на автобусот, Швеѓаните воведуваат превоз со санки од аеродром до хотелот

Љубителите на зимските спортови може да означат ново место на картата - шведската планинска област Даларна во која се наоѓа и ски-центарот Селен. Наскоро областа ќе има сопствен аеродром кој на 22 декември ќе ги пречека првите патници.

Новиот аеродром ќе ги поврзе патниците од целиот свет со ски-областите Селен, Идра и Клапен, како и норвешкиот ски-центар Трусил.

Шведскиот аеродром „Селен Трусил“ ќе биде првиот во светот кој нема да има контролна кула, туку таа ќе биде заменета со виртуелна кула.

Атракција за туристите ќе биде превозот до ски-центрите. Наместо од аеродромот до хотелот патниците да патуваат со автобус, тие ќе се возат со санки влечени од кучиња. Возењето ќе трае помеѓу 45 минути и еден час, а ќе чини 510 долари за четири лица, доколку ги собере во една санка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот