X
 21.09.2022 Економија

Најдобрите земји за отворање нов бизнис

Доколку размислувате за отворање бизнис во странство, треба да знаете за условите што се нудат во овие земји.

Сингапур

Сингапур е одлично место за основање бизнис бидејќи е мал и нема да бидете преплавени со други бизниси кои го нудат истото што и вие. Стапката на криминал во Сингапур е ниска, а економијата на Сингапур е силна и расте секоја година.

Банкарските прописи им олеснуваат на странските инвеститори да работат во границите на оваа мала држава, а власта е ентузијастична кон странските инвеститори и има репутација на чесна управа. Тоа значи дека корумпираните политичари и бирократите се многу поретки.

Сингапур има ниски каматни стапки, меѓу најниските во светот, што е уште една причина зошто земјата е атрактивна за странските инвеститори. Освен тоа, земјата има и ниски трошоци за живот, но и строги политики за заштита на животната средина и стандарди за висок квалитет.

Шведска

Со својата силна економија и ниска стапка на криминал, Шведска е одлично место за започнување бизнис. Ова е едно од најсигурните места за живот, а од 2013 година „Форбс“ ја прогласува за најиновативна земја во светот кога станува збор за бизнисот. „Економист“ ја прогласил Шведска за најдобро место во Европа за основање бизнис.

Шведската Влада се грижи за граѓаните, па затоа постои универзална здравствена заштита и бесплатно јавно образование. Банкарските регулативи се прилично сигурни, а земјата има и силен производствен сектор. Таа е и дом на технолошки компании како „Спотифај“ и е добро место за стартапи.

Нов Зеланд

Нов Зеланд е одлично место за основање бизнис поради упорноста во изградбата на силна економија. Таа е рангирана во 10. најдобри во светот. Нов Зеланд нема закон за минимална плата, што дава флексибилност. Нема ниту ограничувања за плаќање данок во однос на профитот кој се остварува.

Земјата ја има и една од најниските стапки на криминал во светот, а има висок животен стандард и ниски трошоци за живот. Владата обезбедува бесплатно образование и бесплатна здравствена заштита за сите граѓани.

Извор: Kamatica
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија