X
 05.11.2020 Образование

Царовска: Средното стручно образование треба целосно да се реформира за да се обезбедат квалитетни кадри

Средното стручно образование треба целосно да се реформира и да се приспособи на најновите трендови во производството, со што ќе се обезбедат стручни кадри кои веднаш по завршувањето на образованието ќе може да одговорат на пазарот на трудот. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска на дебата „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови работни места“, организирана од УНДП и Британската амбасада.

- Владата прави конкретни чекори со кои треба да ја поставиме рамката за средно стручно образование. Сето ова го правиме со огромна поддршка од нашите меѓународни партнери. Она на што забрзано се работи во овој момент е воспоставување 3 регионални ВЕТ-центри кои ќе служат за остручнување на кадар кој ќе биде обучен за да може ефикасно и веднаш по завршувањето на образованието да одговори на пазарот на трудот. Првите вакви центри од идната година ќе профункционираат во Охрид, Тетово и Куманово, но тенденцијата е да се отворат и во сите останати региони во државата - рече Царовска.
Сега за ученичките стипендии може да се пријавуваат и ученици од техничките и текстилните средни училишта, со што ќе се поттикне запишувањето во овие училишта.

- Исто така, од огромна корист во моментот е спроведувањето на дуалното образование кое се реализира со поддршка од стопанските комори во 7 града во државата. Преку овој вид образование 220 ученици повеќе време поминуваат на пракса во компаниите, а помалку во училиште - додаде Царовска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование