X
 05.11.2020 Култура

Науката открива зошто светот е опседнат со „Игра на троновите“?

Зошто книгите на Џорџ Р. Р. Мартин и серијата „Игра на тронови“ се толку интересни за целиот свет? Науката нуди некои одговори.

Тим од математичари, физичари и психолози анализирал податоци за серијата книги „Песна за мраз и оган“, врз која беше базирана хит-серијата „Игра на троновите“. Фантазијата во приказната е забавна, но луѓето можеби ги привлекуваат врските помеѓу ликовите и неочекуваните смртни случаи.

Според истражувачите, теоретски, книгата може да изгледа непривлечна бидејќи има над 2.000 именувани ликови со над 41.000 интеракции помеѓу нив. Меѓутоа, науката вели дека авторот ни го понудил токму тоа што ни е потребно.

Според анализата, интеракциите помеѓу ликовите се слични на начинот на кој луѓето ги одржуваат врските и комуницираат во реалноста. Освен тоа, важни ликови неочекувано умираат, па приказната е непредвидлива.

Графиконот во продолжение ја покажува поврзаноста помеѓу ликовите. Сините точки се машки ликови, црвените се женски, а сивите точки се ликови што умираат.


Фото: warwick.ac.uk

Истражувачите велат дека дури и главните ликови во просек имаат контакт со околу 150 други луѓе, а тоа е исто како и во реалноста. Според анализата, Мартин успева да го задржи вниманието на читателот или гледачот со неочекувани настани, но сепак текот на настаните е природен.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура