X
 19.10.2016 Живот

Слушајте ги Колдплеј и Ед Ширан за полесно да заспиете

Во овој хаотичен свет во кој живееме, и тоа како ни е потребен квалитетн сон, за ментално и физичко здравје и подобра концентрација во справувањето со секојдневните обврски.

 

Освен што не снабдува со енергија, за време на спиењето се опоравуваат и мускулите и коските, а се утврдуваат и сеќавањата и научените работи.

 

При спиењето телото и мозокот се ослободуваат од токсините кои се наосбрале од секојдневните активности, кои можат штетно да влијаат на целокупниот организам. Што значи, квалитетниот сон е неопходен за добро здравје.

 

За жал, не се сите во можност да го добијат ова задоволство. Околу 30 проценти од возрасните имаат тешкотии при заспивањето и патат од несоница, како резултат на секојдневниот стрес.

 

 

 

Многумина конзумираат лекови за да се справат со овој навистина голем проблем, но истражувањата покажуваат дека слушањето музика по ваш вкус, може да ги скрати фазите на заспивање. Ова значи дека луѓето стигаат до РЕМ фазата побрзо ако си ја слушаат омилената музика.


Во студијата, учествувале студенти кои слушале музика 45 минути пред да одат на спиење и тоа три недели последователно. На нив, особено им помогнала релаксирачката музика, која се покажала како одличен метод во лечењето на инсомнијата.


Според истражувањата најслушан композитор при заспивање е Јохан Себастијан Бах. По него, следуваат Ед Ширан, Моцарт, Брајан Ено и Колдплеј.

 

 

 

Овие истражувања и нивните резултати се всушност основата во откривањето на методите за побрзо заспивање и борба против несоницата. Во иднина научниците ќе можат да ги утврдуваат музичките компоненти кои помагаат при заспивање, преку користење на компјутерски програми.

 

 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот