X
 18.06.2021 Живот

Колку треба да траат дремките за да бидат најефективни?

Некои луѓе имаат навика редовно да дремнуваат, без разлика дали тоа е по работа или на пауза. Се зборува дека Борис Џонсон сакал да дремне во текот на работниот ден, а познато е дека истото го правеле и Винстон Черчил, Алберт Ајнштајн и Леонардо да Винчи.

Дремката е одличен начин да се одморите доколку немате доволно време за спиење, а некои истражувања покажале дека ова е добро за работата на мозокот. Експертите препорачуваат дремки од 10 до 30 минути бидејќи подолгата дремка може да направи да се чувствувате поспани. Пиењето кафе пред дремката може да ви помогне да се разбудите од дремката освежени и подобро да се концентрирате.


Фото: Freepik

Кратките дремки се добри за брзо зголемување на енергијата, но подолгите дремки се добри на друг начин. Имено, тие го поттикнуваат активирањето на делот од мозокот што е важен за учење и помнење, па затоа попладневните дремки што траат еден или два часа се добри за помнењето.

Едно истражување спроведено во Кина покажало дека редовните попладневни дремки ја подобруваат работата на мозокот кај лицата над 70 години. Според ова истражување, лицата што спиеле 30-90 минути имале најдобри резултати на когнитивните тестови.

Автори: Џон Акселсон и Тина Сунделин
Извор: mic.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот