X
 28.10.2021 Живот

Спиечка тура со автобус во Хонгконг за луѓето на кои им треба одмор

На сите што немаат доволно време да се наспијат веројатно ќе им се допадне новата услуга што се нуди во Хонгконг. Станува збор за петчасовно патување со автобус наречено „Спиечка тура со автобус“. Таа се нуди за сите жители на кои им треба одмор.

Патниците може да си донесат перници и прекривки. Целата тура е долга 76 километри, а цените за билетите варираат во зависност од седиштата.


Кенет Конг, менаџер во „Улу травел“, која ја организира турата, открива дека компанијата била инспирирана од жителите што подобро спијат во автобус отколку дома.

Првата тура се одржала месецов и сите седишта биле распродадени. Патниците добиле пакети со маска за очи и чепчиња за уши.

Според докторот Ширли Ли од Универзитетот на Хонгконг, луѓето во градот немаат доволно време да спијат, а некои го поврзуваат јавниот превоз со спиење, па затоа полесно заспиваат во автобус.

Извор: Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот