Филмот „Добрата медицинска сестра“ е меѓу најгледаните филмови на „Нетфликс“ од неговата премиера. Сега „Нетфликс“ има и документарна верзија од приказната што е раскажана во филмот.
Новиот 94-минутен документарен филм ќе ја раскаже страшната приказна за Чарлс Кален, но овој пат таа ќе биде раскажана од перспектива на луѓето што биле вклучени во случајот. Кален признал дека убил 30-40 пациенти додека работел како медицински брат, но се проценува дека вистинскиот број на жртви е околу 400.
Колешка на Кален ќе ѝ помогне на полицијата да го фати убиецот. Кален бил уапсен во 2003, а работел како медицински брат дури 16 години. Тој бил осуден на 11 доживотни казни, односно на 397 години затвор.
Во новиот документарен филм се појавува и вистинската Ејми Лафрен, медицинската сестра која им помогнала на инспекторите да го уапсат Кален.
Документарниот филм (Capturing the good nurse) ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 11 ноември.
Извор:
The tab
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)