X
 28.02.2022 Култура

Актери што се појавија само неколку минути во филм, а освоија „Оскар“

Без оглед на тоа колку малку време се појавува еден актер на филм, може да се потребни само 5 минути за да се докаже дека неговата изведба е достојна за „Оскар“. Накратко, во развојот на приказната постојат моменти и ликови што можат да дефинираат сè, а актерите со нивниот најдобар перформанс можат да успеат да добијат „Оскар“.

Ова се актери што се појавија во само неколку филмски сцени, но го покажаа својот голем талент и освоија „Оскар“.

1. Ен Хатавеј - „Клетници“, 2012 година




Актерка што докажа дека може да ја плени публиката за кратко време е Ен Хатавеј. Таа се појави во мјузиклот „Клетници“ 15 минути, а една од сцените, долга само 3,5 минути, беше доволна за да освои „Оскар“ за најдобра споредна женска улога. Сепак, не беше лесно бидејќи Ен мораше да изгуби многу килограми и да се справи со анксиозност пред настапот.

2. Ентони Хопкинс - „Кога јагнињата ќе стивнат“, 1991 година



Ентони Хопкинс за улогата на Ханибал Лектор, опасен и интелектуален криминалец во филмот „Кога јагнињата ќе стигнат“, освои „Оскар“ за најдобар актер и со оваа улога ја почна својата кариера. Актерот се појави само 17 минути на екранот.

3. Никол Кидман - „Часовите“, 2002 година



Никол Кидман му даде живот на ликот на Вирџинија Вулф во филмот во кој глуми заедно со Мерил Стрип и Џулијан Мур. Ликот што го толкува е жена со ментални проблеми, и иако нејзиното појавување е кратко, ѝ донесе „Оскар“ за најдобра женска улога.

4. Алан Аркин - „Малата мис Америка“, 2006 година



Во филмот, Алан Аркин го глуми Едвин, оптимистичен дедо кој ја охрабрува својата внука да учествува на натпревар за убавина. Во филмот тој се издвојува од другите ликови токму поради својот став, а иако не се појавува во долги сцени, неговата улога му донесе „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

5. Џаред Лето - „Клубот на купувачи од Далас“, 2013 година



Џаред Лето се појавува во помалку од четвртина од филмот, а неговиот лик Рајон е трансродова жена. Актерот, покрај физичките промени, користел истражување за да му помогне да го оживее ликот и, меѓу другото, одбил да се откаже од улогата за време на снимањето. Неговата изведба му донесе „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

6. Махершала Али - „Месечина“, 2016 година



Филмот ја раскажува приказната за афроамериканско момче без татко, во 3 фази од неговиот живот: детство, адолесценција и зрелост. Во првиот од нив, Махершала Али се појавува како Хуан, лик кој станува татковска фигура на главниот лик. Неговата изведба му донесе „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

7. Јух-Јунг Јан - „Минари“, 2020 година




Јужнокорејката Јух-Јунг Јан доби „Оскар“ за најдобра споредна женска улога во 2021 година за овој филм. Благодарение на нејзината работа, таа стана втората Азијка што освои награда за актерство од 1958 година.

8. „Беатрис Стрејт“ - „Мрежа“, 1976 година



Изведбата на Беатрис е вистинска пресвртница на времето и актерскиот квалитет. Како сопруга на ликот на Холенд, таа се појави во само 3 сцени и доби „Оскар“ за најдобра споредна женска улога.

9. Џуди Денч - „Вљубениот Шекспир“, 1998 година



Друга актерка на која не ѝ требаше многу време на екранот за да добие „Оскар“ беше Џуди Денч за нејзината улога во овој филм. Беа потребни само 8 минути додека ја глумеше кралицата Елизабета I за да ја освои наградата за најдобра споредна женска улога.

10. Хит Леџер - „Бетмен: Темниот витез“, 2008 година



Хит Леџер освои „Оскар“ за најдобра споредна машка улога, кој го доби неговото семејство. Неговото време на екранот како Џокер (главниот непријател на Бетмен) беше само 33 минути.

Извор: Bright Side
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура