X
 05.12.2018 Технологија

Ако учите да програмирате, овие блогови може да ви бидат од корист

Веб-страницата „Фидспот“ направи листа со најдобрите блогови за програмери врз основа на бројот на прегледи и рејтингот на социјалните мрежи. Добрата работа е што листата се ажурира еднаш неделно, така што можете да бидете сигурни дека во секој момент ќе ги имате вистинските податоци.

Ова се некои од блоговите што веќе долго време се на врвот на листата.

1. „The Crazy Programmer“

Овој блог ве води низ наједноставни основи на програмските јазици „C“, „PHP“, и низ програмирање на апликации за „Андроид“ и уште многу други програмски јазици и алатки.

Содржината се поставува главно еднаш неделно. Веб-страницата има речиси 169.000 фејсбук-фанови и 11.280 твитер-следбеници.

2. „SitePoint“


Станува збор за онлајн-заедница на веб-професионалци. Тука можете да дознаете многу работи за веб-дизајнот и веб-развивање со туторијали, курсеви и книги, а страницата покрива теми како: „HTML 5“; „CSS3“, „ЈavaScript“, „РНР“, развивање апликации за мобилните уреди итн.

Зачестеноста на поставувањето содржини изнесува околу пет постови неделно. Оваа страница има 101.749 фејсбук-фанови и 135.606 твитер-следбеници.

3. „Ray Venderlich“ - туторијали за програмери за „ајфон“ и „Ајос“

Ова е блог што ќе ви помогне да ги подобрите вашите програмерски вештини, особено во програмерскиот јазик „Swift“ и за оние на кои им се потребни дизајнерски апликации за „Ајос“.

Страницата има ажурирани, практични туторијали и туторијали за мобилни игри. Веб-страницата ја одржува тим на експерти од различни области, со што овој блог е еден од најценетите кога станува збор за совети во областа на развивањето игри.

Зачестеноста на поставувањето содржини изнесува околу петпати неделно. Оваа страница има 15.200 фејсбук-фанови и 67.690 твитер-следбеници.

4. „Јava“, „SQL“ и „jOOQ“


Тука можете да научите некои од најдобрите лекции и пракса во пишување на „Java“ и „SQL“ кодови.

Зачестеноста на поставувањето содржини изнесува околу двапати месечно. Оваа страница има 793 фејсбук-фанови и 4.500 твитер-следбеници.

5. „CSS Tricks“


Совети, трикови и техники за користење. Овој блог бил создаден од веб-дизајнерот и програмер Крис Којер, кој го одржува и пишува заедно со својот тим.

Содржината се поставува околу 11 пати неделно, што значи дека оваа веб-страница е богата со информации. Бројот на фејсбук-фанови е 71.850, а твитер-следбеници 340.322.

6. „Scott Hanselman's Blog“


На својот блог Скот Ханселмен пишува за програмирање, корисничко искуство, компјутерски системи и животот на програмерите воопшто.

Содржината се поставува главно еднаш неделно, а блогот има 196.060 твитер-следбеници.

7. „Coding Alpha“

На овој блог можете да научите доста за пишување кодови. Тука се и туторијалите за програмирање во „С“, како и содржината за структурата на податоците, „Јava“ програмирање, туторијали за почетници со подетален опис и анализа на алгоритмите.

Содржината се поставува двапати месечно, а бројот на фејсбук-фанови изнесува 5.960.

8. Програмирање на „Редит“

„Редит“ е една од најголемите програмерски заедници и идеално место за дискусија и вести за програмирањето.

Неделно се поставуваат околу 168 пораки, а бројот на фејсбук-фанови изнесува 1.160.870, додека на „Твитер“ има 518.700 фанови.

9. „Codrops“з


Ова е блог посветен на веб-дизајнирање и програмирање, а се објавуваат статии и туторијали за најновите веб-трендови, техники и нови можности.

Содржината се поставува еднаш неделно, а бројот на фејсбук-фанови е 90.850 и има 174.790 следбеници на „Твитер“.

10. „A List Apart: For People Who Make Websites“


Како што и самото име кажува, ова е блог за луѓе што прават веб-страици.

На овој блог се разговара за теми поврзани со дизајн, програмирање и значењето на веб-содржината, со посебен фокус на веб-стандардите и најдобрата пракса.

Фреквенцијата на поставување на содржината е околу двапати месечно. Бројот на фејсбук-фанови изнесува околу 39.900 и има 148.055 твитер-следбеници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија