X
 09.09.2016 Технологија

Апликации кои никогаш не треба да ги преземате

Постојат илјадници апликации кои можете да ги преземете на вашиот паметен телефон. Голем дел од нив се навистина корисни и ќе ви го олеснат животот, но голем дел од нив се вистинска измама.

 

апп


Или тие воопшто не работат или нудат информации и совети кои немаат никаква основа или пак може сериозно да му наштетат на вашиот телефон. Затоа, треба да знаете кои апликации се, а кои не се вредни за преземање. Доколку имате некоја од следниве во вашиот телефон, тогаш време е да ја избришете.

Апликации кои тврдат дека ја штедат вашата батерија или го полнат вашиот телефон

Ниту една апликација која нуди полнење на мобилниот телефон нема да функционира. А што со апликациите кои велат дека штедат енергија? Иако постои можност некои од нив да помагаат, сепак во поголемиот дел од случаите се покажале како неефикасни и може да предизвикаат повеќе штета отколку добро.

Некои од нив функционираат на тој начин што исклучуваат други апликации, што може да биде меч со две острици. Во секој случај, подобро е сами да знаете како да ја заштедите енергијата на телефонот, отколку тоа да го препуштите на некоја апликација.

Апликации кои нудат зголемување на капацитетот на телефонот

Ако сте навикнати да го дефрагментирате хард дискот на вашиот компјутер, тогаш сигурно сакате истото да го направите и со мобилниот телефон. Но, нема потреба затоа што дефрагментирањето на меморијата на телефонот само ќе го намали векот на траење на Android флеш меморијата - доколку наидете на некоја ваква апликација треба да знаете дека е еден вид на измама.

Исто така, бескорисни се и апликациите кои ја забрзуваат RAM меморијата. Вашиот уред веќе е оптимизиран за користење на максималната меморија.

Антивирусни апликации од сомнително потекло


Доколку користите Android уред тогаш треба да знаете дека антивирусните апликации не помагаат многу. Со други зборови, ако произведувачот на телефонот и телеоператорот имаат безбедносни проблеми, тогаш тоа не можете да го надоместите со некаква апликација.

Најдобро би било да преземате антивирусни апликации од познати производители, бидејќи постојат голем број непријателски антивирусни апликации чија единствена цел е да ви ги земат парите. Често пати тоа се апликации кои се бесплатни за преземање, а потоа во самата програма бара купување за да може истата да се ажурира.

Апликации кои тврдат дека инсталираат невозможни опции


X-зраци, детектор за лаги, превод на говорот на вашиот партнер. Сепак, треба да знаете дека ако нешто е невозможно, тогаш е невозможно. Ваквите апликации само ќе му наштетат на вашиот уред и ќе се обидат да ви ги земат парите.

Тука спаѓаат и апликациите кои го „анализираат“ вашиот сон и ви „помагаат“ подобро да спиете.

Апликации за здравје без истражувања кои ги поддржуваат

Научниците и докторите предупредуваат дека медицинските апликации (ментално здравје, губење килограми) воглавно се неефикасни. И покрај нивната популарност не се ни блиску од она што можете да го добиете од професионална личност.

Апликации кои го тренираат мозокот

Уште еден вид на „здравствени“ апликации кои подобро би било да ги избегнете. „Luminosity“, голем играч на пазарот на апликациите, неодамна мораше да плати 2 милиони долари поради измамничките реклами и непотврдената теза дека нивните игри им помагаат на децата да бидат подобри на училиште, како и тоа дека ги зголемуваат когнитивните способности и слично.

Научните истражувања покажуваат дека повеќето од ваквите апликации не се ништо подобро од другите игри кои ги играте.

Едукативни апликации кои не се професионално оценети

Слично како и апликациите кои го тренираат мозокот - едноставно немаат корист и никој не успеал да го докаже нивниот успех.

Ако сакате вашето дете навистина да научи, тогаш дефинитивно местото му е позади книгата, а не позади екранот на телефонот/таблетот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија