X
 05.12.2023 Наука

Сакате да го испратите името во вселената? Сега имате шанса за тоа

Вселенската сонда на НАСА - „Европа клипер“ наскоро ќе тргне на патување до Европа, месечина на Јупитер, за да открие дали постојат знаци на живот таму. Мисијата треба да им помогне на научниците подобро да го разберат астробиолошкиот потенцијал за вселенски тела погодни за живот.

Меѓутоа, иако ова е научна мисија, НАСА одлучила да ѝ даде можност на јавноста да остави свој печат. Вселенската агенција ги повикува сите заинтересирани да се пријават за проектот „Порака во шише“ и да го запишат своето име на микрочип кој ќе биде вграден на сондата.

Се работи за микрочип со големина од монета од едно евро, а секоја линија текст ќе биде со големина од само 75 нанометри. Досега се пријавиле над 450.000 луѓе.

Освен имињата, кои може да се пријавуваат до крајот на годинава, на Европа ќе биде испратена и песна напишана од американската поетеса Ејда Лимон. Заедно со микрочипот, песната ќе патува речиси 2,9 милијарди километри до Европа.

Сондата треба да биде лансирана во октомври 2024 г., а ќе стигне на дестинацијата до 2030 година. Целта е да се соберат детални мерења и податоци за да се утврди дали месечината е погодна за живот.


Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука