X
 12.04.2021 Наука

НАСА го одложи првиот лет на хеликоптерот на Марс

Се чини дека ќе почекаме уште малку за да го видиме хеликоптерот на американската вселенска агенција НАСА како лета на Марс.

Агенцијата одлучила да го одложи првиот експериментален лет на хеликоптерот „Инџинуити“ поради проблем за време на тест за брзина на роторите на хеликоптерот, пренесува „Си-нет“. Како што објасниле од агенцијата, тестот на роторот на хеликоптерот завршил порано поради проблем со тајмерот што го известува системот за потенцијални проблеми.


Фото: NASA

Тимот што работи на хеликоптерот работи на дијагностицирање на проблемот и одново ќе го направи тестот на роторот по направена анализа.

НАСА планираше да го полета хеликоптерот в недела, на 11 април, но сега од агенцијата известиле дека летот нема да се случи пред 14 април. Сепак, тие додаваат дека хеликоптерот е во добра и безбедна состојба.

Кога хеликоптерот ќе полета, тоа ќе биде првиот лет контролиран од луѓето на друга планета. Експерименталниот хеликоптер, кој на Марс стигнал прикачен на роверот „Персевиренс“, може да создаде нови начини за истражување на нови светови.

Автор: Едвард Мојер
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука