Истражување спроведено од „Post Office“ преку споредба на кошницата на есенцијални производи за одмор, вклучувајќи и шише пиво, кафе и вечера за двајца со шише вино, ги откри најевтините европски дестинации за одмор.
Фото: Mykhaylo
Сани Бич, најпознатата летна дестинација во Бугарија, е најдоброто и најевитното место за одмор. Цената на кошничката во овој град изнесуваше 43 евра - за споредба, другите летни дестинации имаа кошничка вредна над 150 евра.
Ова се останатите најевтини летни дестинации во
Европа:
1. Сани Бич, Бугарија - 43 евра
2. Алгарве, Португалија - 68 евра
3. Коста дел Сол, Шпанија - 70 евра
4. Мармарис, Турција - 78 евра
5. Пафос, Кипар - 84 евра
6. Коста Бланка, Шпанија - 85 евра
7. Порец, Хрватска - 89 евра
8. Лимасол, Кипар - 89 евра
9. Крит, Грција - 91 евро
10. Занте, Грција - 92 евра
11. Кефалонија, Грција - 94 евра
12. Мајорка, Шпанија - 98 евра
13. Крф, Грција - 100 евра
14. Слиема, Малта - 105 евра
15. Брегот на Лисабон, Португалија - 109 евра
16. Задар, Хрватска - 118 евра
17. Ница, Франција - 126 евра
18. Соренто, Италија - 128 евра
19. Ибица, Шпанија - 141 евро