X
 05.12.2023 Живот

Тренчевска: Да се донесе законот, па потоа ќе може да се аплицира за финансиска помош

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска очекува до крајот на декември да започне исплатата на новиот пакет антикризни мерки, откако Законот за финансиска поддршка ќе помине на седница на Влада и во Собранието.
Во изјава за медиумите, Тренчевска денеска рече дека законот утре ќе се најде на владина седница, по што следната недела очекува да помине во Собрание.

- До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине Законот за финансиска поддршка, кој очекувам во Собранието следната недела да помине, затоа што е од исклучително значење за граѓаните. Не очекувам да имаме некакви опструкции од опозицијата. Штом се донесе законот, ќе бидат објавени начините како да аплицираат граѓаните. Кај мерките што ги реализира МТСП нема аплицирање, односно согласно последните исплати на правата и на пензиите, ќе бидат исплатени средствата до граѓаните - рече Тренчевска.

Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании, како и поддршка за надминување тешкотии во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза.
во одговорот на новинарско прашање по учеството на тркалезна маса на ОБСЕ посветена на зајакнување на борбата против семејното насилство.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот