X
 06.01.2017 Култура

„Незнаењето е моќ, а корпорациите многу добро го знаат тоа!“

Како луѓето или компаниите го шират незнаењето и го замрачуваат знаењето? Постои термин што го дефинира овој феномен.

Роберт Проктор, историчар на науките од универзитетот во Стенфорд, почнал да се занимава со тутунските компании и нивното ширење сомнежи дали пушењето воопшто предизвикува рак, пишува BBC Future.

Проктор открил дека тутунската индустрија не сака конзументите да знаат дека нивниот производ е штетен и дека потрошиле милијарди долари за прикривање на сознанијата за штетноста од пушењето. Тоа истражување го навело да го дефинира терминот што го означува намерното ширење на незнаењето: агнотологија.

Зборот доаѓа од agnosis, грчкиот збор што значи незнаење и онтологија, гранка на метафизиката, што се занимава со природата на битијата. Агнотологијата е проучување на намерните дејствувања кои имаат за цел ширење незнаење и измама, најчесто за да се продаде некој производ или да се добие наклоност.

„Истражував како моќните индустрии ги продаваат своите производи користејќи го незнаењето.
Незнаењето е моќ, а агнотологијата е намерно создавање на незнаење. Го открив тајниот свет на доверливата наука и сметам дека историчарите треба да обрнат повеќе внимание“, истакнува Проктор.

Неологизмот е создаден во 1995 година, иако поголемиот број анализи на Проктор датираат од последните децении.

neznaenje
Фото: Screenshot/YouTube

Балансирање

Агнотологијата денес е подеднакво важна како и во времето кога Проктор го проучувал сокривањето на фактите за поврзаноста на пушењето со ракот. На пример, политички мотивираниот сомнеж што беше насочен кон националноста на американскиот претседател Барак Обама траеше сè до покажувањето на неговиот извод на родените. Или примерот кога политичките коментатори во Австралија се обидоа да предизвикаат паника изедначувајќи го австралискиот кредитен рејтинг со грчкиот.

Проктор објаснува дека незнаењето може да се шири и под превезот на избалансирана дебата. Идејата дека секогаш ќе има две спротивставени гледишта, не резултира со рационален заклучок. Така и тутунските компании со помош на науката постигнале нивниот производ  да изгледа безопасно, а денес истиот принцип го користат оние кои не веруваат во климатските промени.

Ново време на незнаење

„Живееме во време на радикално незнаење и навистина е чудно што ваквата вистина стигнува до нас“, смета Проктор. Тој предупредува дека иако знаењето е достапно, тоа не значи дека е и пристапно.

Тој открил дека незнаењето најлесно се шири меѓу луѓето кои не го разбираат концептот или фактите, а потоа и кај групите кои напорно работат да направат збрка околу определана тема. И се разбира, најранливо ткиво на ваквата тактика ќе биде онаа група која е научно неписмена.

„Битката не е само околу климатските промени, туку и околу тоа дали Бог ја создал земјата, дали владата има право да ја регулира индустријата, треба ли на зелените да им се даде моќ, итн. Не се работи само за факти“, вели Проктор.

Одлучување за себе

Дејвид Данинг од Универзитетот Корнел, исто така го проучува незнаењето. Тој предупредува дека интернетот помага во проширувањето на незнаењето, затоа што таму секој има можност да биде стручен.

Би требало многу повеќе да се консултираме едни со други отколку вообичаено. „Многумина имаат лажен впечаток за стручноста. Треба многу повеќе меѓусебно да се консултираме од вообичаеното. Другите луѓе не се совршени, но нивните мислења би можеле да ни користат во поправањето на сопствените грешки и обратно“, предупредува Данинг.

Данинг и Проктор исто така предупредуваат на намерното ширење на незнаењето во текот на американските претседателски избори од двете страни на политичкиот спектар.

Агнотологијата можеби води потекло од тутунската индустрија, но денес, тој термин и проучувањето на човечкото незнаење се понепходни од кога било, се согласуваат сите.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура