Дејл Карнеги е американски писател и предавач познат по курсевите за подобрување на личноста, јавно говорење и интерперсонални вештини. Една од идеите во неговите книги е можноста да се промени нечие однесување со промена на сопственото.
„Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете“ е една од неговите најпродавани книги за меѓучовечките односи:
- Неправедната критика често е замаскиран комплимент. Таа често значи дека сте разбудиле завист и љубомора. Сетете се дека никој не тепа мртво куче.
- За да го отстранете неспокојството од својот живот, бидете зафатени. Да сте оптеретени со активности е еден од најдобрите лекови некогаш направени за победа над малодушноста.
- Никогаш не пробувајте да ги израмните сметките со своите непријатели, затоа што тоа ќе Ви донесе повеќе штета Вам отколку ним. Не размислувајте за луѓето што не ги сакате.
- Не ги имитирајте другите. Пронајдете се себе си и останете свои, затоа што зависта е незнаење, а имитацијата е самоубиство.
- Наместо да страдате поради неблагодарност, бидете спремни за неа. Единствен начин да се стекне среќа е да не очекувате благодарност, а да правите добри дела од радост која се добива со тоа.
- Наполнете ги своите мисли со мир, храброст, здравје и надеж, затоа што „нашиот живот е тоа што мислиме дека е“.
- Иднината е во сегашноста... нема утре. Денот за спасување на човекот е денес.
- Товарот на иднината кој се додава на товарот на минатото, кој се презема на себе во сегашноста, ги приморува и најјаките да се сопнат на патот.
- Дали некогаш сте виделе несреќен коњ? Дали некогаш сте виделе несреќна птица? Не, затоа што коњите и птиците не прават обиди да ги импресионираат другите коњи и птици.