На бреговите на реката Нева, во живописниот руски град Санкт Петербург се наоѓа замок што секој би сакал да го посети овие зимски денови. Не само затоа што е во прекрасната Русија туку и поради неговото име: зимски дворец.
Изграден во 18 век, дворецот бил официјална резиденција на руските владетели до Октомвриската револуција во 1917 година.
Дека руските императори не биле скржави, се гледа од зелено-белата барокна архитектура, но вистинскиот раскош ве чека внатре, во над 1.000 соби со речиси 2.000 прозорци. Сето ова требало да биде показател за моќта и богатството на Руската Империја, но и за западниот дух за време на владеењето на царот Петар Велики.
На почетокот на 18 век бил изграден и градот Санкт Петербург, кој бил руски главен град до Октомвриската револуција. Но, било потребно многу време додека градот станал еден од симболите на културата. Зимскиот дворец во почетокот бил само голема резиденција во недовршен град кој лежел на мочуриште и во мрак поголемиот дел од денот, а илјадници работници принудени да градат загинале поради лошите услови за работа.
Иако неколкумина архитекти работеле на идејата за дворецот, најмногу се истакнал италијанскиот архитект Бартоломео Растрели, кој работел и на палатата на Катарина во царското село, како и на многу други палати и замоци во Русија и во Украина.
Дворецот не бил завршен за време на владеењето на царот Петар, но ја дочекал царицата Катерина Велика во средината на 18 век. Веднаш штом бил завршен, делови од замокот биле уништени во пожар во 19 век, па по реновирањето некои простории добиле поинаков стил.
Во 1905 година незадоволни работници и демонстранти марширале невооружени кон дворецот. Тие сакале да му врачат петиција на тогашниот крал Николај Втори, повикувајќи на реформи, како што се ограничување на власта и подобрување на условите за работа. Но, биле пречекани од царската војска, која отворила оган кон нив - иако точниот број на убиени до ден-денес не е познат, се проценува дека имало околу илјада. Настанот е запаметен под името Крвава недела.
Една деценија подоцна, во 1917 година, Советите го презеле дворецот - овој момент се памети во литературата, сликарството и филмот како спектакл наречен „Марш на зимскиот дворец“. Под советско владеење бил претворен во музеј и таков остана до денес.
Денес, Зимскиот дворец е еден од најпознатите музеи во светот, кој привлекува речиси 4 милиони посетители годишно.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Instagram