X
 08.03.2016 Наука

ФЕНОМЕН: Поларната светлина над Германија и Британија

aurora

 

Во некои делови на Велика Британија и Германија се појави поларната светлина, феномен кој обично се појавува во северните предели.


Аурора Бореалис во неделата навечер и утрото во понеделник го обои небото сино, виолетово и зелено над Оксфордшир јужно од Англија и некои области од североисточна Германија.

Овој феномен настанува кога магнетниот сончев ветер продира во магнетното поле на Земјата, активирајќи ги електроните на кислород и азот. Аманда Таунсенд, осоветник од британската метеоролошката служба за временски услови во вселената вели дека сончевите ветрови од време на време достигнуваат моќ над вообичаената, а честичките ја зголемуваат брзината и додава дека тоа е во овие случаи поврзано со магнетното поле на Земјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука