Физичарот Џејсон Кол состави формула која може да ви помогне да го најдете најдоброто место за поставување на вашиот рутер и тоа зависи од планот на вашиот дом.
Кол почнал да ја проучува науката за поставувањето на рутерот во обид да го оптимизира сигналот на WiFi. За да го направи тоа, тој прво исцртал мапа од планот на домот, одредувајќи ги вредностите на прекршување и потоа ја употребил Хелмхолцова равенка, што му овозможило да ги моделира електромагнетните бранови што ги емитира рутерот.
На својот блог Кол
ја објаснува математиката што ја следел.
Првично, тој дошол до решение кое воопшто не е изненадувачко, а тоа е дека ставањето на рутерот на средината од домот резултира со најдобар сигнал.
Но, не изгледа многу добро да ставите рутер среде дневната соба. Така, Кол направил дополнителни истражувања и го модификувал моделот за да ги земе предвид апсорпцијата на материјалите од кои се создадени ѕидовите.
На крајот го заклучил она во што повеќето од нас веруваме - колку подалеку сте од рутерот, толку потешко ќе ги фатите сигналите. Но, ако е соодветно позициониран, рутерот може да ја полни секоја соба од вашиот дом со
бранови на WiFi, како на ова видео.
Кол дури и создал
апликација со чија помош можете да утврдите каде да го ставите рутерот без формули.