Првпат во историјата, „Мекдоналдс“ воведе вегетаријански оброк на британскиот пазар. Со тоа компанијата сака да го приспособи менито на сè поголемиот број деца чии родители не сакаат месо.
Веганите и вегетаријанците ја поздравија одлуката и нагласија дека ова покажува дека храната на база на зеленчук полека станува секојдневие.
Главен дел од новиот оброк е тостираната тортиља со плескавица од грав, домат и пиперка, со додаток од кечап и зелена салата. Оброкот има 209 калории, а целосното мени содржи пијалак и додаток како помфрит, морков или ананас и чини 2,49 фунти. Иако состојките не содржат млеко, компанијата не ги рекламира како вегански бидејќи минуваат низ истите тостери како и другите печива во ресторанот.
За да го состават рецептот, од компанијата соработувале со британското Друштво на вегетаријанци (Vegetarian Society) и Здружението на мајки (BritMums). Една третина од посетителите на „Мекдоналдс“ во Велика Британија изјавиле дека им е важно да се вклучи што е можно повеќе храна без месо во секојдневната исхрана.
Освен вегетаријанскиот оброк за деца, од трети јануари достапна е и
пикантната вегетаријанска тортиља за возрасни.