X
 29.11.2019 Живот

„Мекдоналдс“ мора да им плати 26 милиони долари на „недоволно платените работници“

Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ ќе им плати 26 милиони долари на работниците во Калифорнија што не се доволно платени.

„Мекдоналдс“ од 2013 година е на суд во врска со разни тужби од 38.000 работници. Меѓу другото, работниците го тужат за неплатена прекувремена работа, неплаќање гарантиран минималец, забрана за пауза и неплаќање за дополнителна работа, како што е чистење.

Како резултат на тоа, компанијата, освен тие 26 милиони долари, сега електронски ќе плаќа плати, бесплатно ќе дели нови униформи и јасно ќе назначува паузи. Ова е најголема спогодба во врска со платите на овој гигант за брза храна во САД.

- Иако сè уште веруваме дека нашите практики за вработување се во согласност со Калифорнискиот закон за труд, одлучивме да ја решиме таа тужба покрената на почетокот од 2013 година - соопшти компанијата.

Со спогодбата страните постигнаа заемно прифатливо решение и документот го доставија до судот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот