X
 07.11.2018 Живот

Постарите лица ги заменуваат тинејџерите како работници во рестораните за брза храна

Синџирите ресторани за брза храна во САД до неодамна се потпираа на постојан доток од тинејџери кои ги пополнуваа работните позиции, но сега се свртуваат кон постарите граѓани. „Боб Еванс“ и „Мекдоналдс“ сè повеќе регрутираат во центри за постари, цркви и во ААРП (порано Американска асоцијација на пензионирани лица), организација која ги охрабрува луѓето да избираат како ќе живеат како што стареат.

Ова се случува делумно поради недостигот од работна сила во целата земја, што значи дека има повеќе слободни работни места отколку луѓе што бараат работа. Тоа всушност е добра вест за работниците бидејќи значи дека на невработените им е полесно да најдат работа.

- Имате околина во која, реално, економијата е силна. Луѓето преминуваат на подобри работни места. Нема толку многу работници или способни работници за да ги завршат работите на овие компании - вели аналитичарот Питер Салех.

Другиот фактор е што повеќе Американци едноставно работат подолго од кога и да е за да ги дополнат недоволните заштеди за пензиoнерските денови.

Бројот на Американци на возраст меѓу 65 и 74 години кои сè уште работат се очекува да се зголеми за 4,5 отсто во периодот меѓу 2014 и 2024 година, додека бројот на оние меѓу 16 и 24 години се очекува да се намали за 1,4 отсто, покажуваат податоците на американските институции.

Други предности за компаниите за брза храна што вработуваат постари лица е што постарите може да бидат помалку платени бидејќи тие не бараат високи позиции или можности да заработат многу пари.

Регрутерите велат и дека постарите работници обично се во предност пред тинејџерите кога станува збор за точност и пријателско однесување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот