X
 18.12.2018 Забава

Гостин во њујоршки ресторан во оброкот нашол бисер

Во познатиот њујоршки ресторан „Сентрал Ојстер бар“, Рик Антош - инаку чест гостин таму - во својата чорба од остриги пронашол бисер.

За „Њујорк пост“, 66-годишниот гурман раскажува дека штом почнал да го јаде својот оброк од 14,75 долари, во устата почувствувал мал тврд предмет. Прво помислил дека тоа е заб, но, за среќа, било бисер.

 - Веќе 28 години работам овде, а ова ни се случува вторпат. Дневно продаваме над 5.000 остриги - изјави извршната директорка на угостителскиот објект и писателка, Сенди Ингберг.

Антош, пак, одлучи да го задржи бисерот и вети дека и понатаму ќе доаѓа во ресторанот, надевајќи се дека ќе најде уште некој бисер.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава