X
 06.01.2019 Технологија

Најпосакуваниот новогодишен подарок за 1990 година

Најдобрата цена на светот: 799 долари - или приближно, со сите трошоци, едногодишна гаранција и одличен сервис: 15.400 динари! „Литрон 286“ - 1MB RAM (до 4MB) Hard disk 40 MB, компјутер од професионална класа.

Вака започнува текстот од 1990 година објавен во „ТВ Новости“, а посветен на подарокот кој тогаш сите го посакувале, компјутерот „Литрон 286“.

Во текстот се наведува како може да се изврши уплатата за компјутерот и како за 30 до 60 дена, кога компјутерот ќе стаса во Белград, купувачот ќе треба да плати царина и даноци. Потоа се наведени и карактеристиките на компјутерот.
  • AT VLSI матична плоча со процесор INTEL 80286 на 12/16 MHz и подножје за копроцесор;
  • 1MB RAM (до 4MB) на плоча;
  • Hard disk: SEAGATE ST-157A, 40 MB (28 ms);
  • Flopi disk 1.2 MB, TEAC;
  • IDE BUS контролер;
  • 2 Centronics и 2 RS-232 порти;
  • Компактно куќиште (200 W);
  • Рамен PAPER WHITE екран: 14 инчи (36 сантиметри);
  • Монохромен видео контролер;
  • XT/AT тастатура (101 тастер со клик).
Фото: Yugopapir

На крајот од текстот се наведува дека ова е компјутер од познат произведувач, компјутер кој стекнал име на пазарите во САД и Германија и компјутер кој го користат неколку стотици Југословени.

-„Литрон 286“ можете да го видите од 29 ноември, па и да го испробате од 10 до 17 декември 1990 година во Култирниот центар во Белград - стои на крајот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија