X
 02.11.2024 Живот

Интересна статистика: Колку граѓани од поранешна Југославија мислат дека нејзиниот распад беше грешка?

Распадот на Југославија е вечна тема, а во седумте држави што настанаа по распадот на заедничката република се гледа различно на тоа.

Веб-страницата „Ворлд оф стаситик“ објави интересна статистика за тоа што мислат луѓето од поранешна Југославија за распадот на државата.

81 отсто од граѓаните во Србија сметаат дека распадот беше грешка. Веднаш зад Србија е Босна и Херцеговина, каде што 77 отсто од граѓаните сметаат дека распадот на Југославија не требаше да се случи.

Следува Црна Гора со 65 отсто, а следна е Македонија со 61 отсто.

По Македонија следуваат три држави каде што процентот е помал од 50 отсто: во Словенија југоносталгични се 45 отсто од граѓаните, додека во Хрватска само 23 отсто, додека повеќето Косовци сметаат дека распадот на Југославија не е грешка, со оглед на тоа што само 10 отсто од нив се југоносталгични.

Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот