X
 23.04.2015 Образование

Топ 5 платформи за курсеви во областа на компјутерските науки

За некој што бара курс во областа на компјутерските науки, постојат огромен број на материјали и ресурси за учење преку интернетот. Со користењето на овие ресурси и материјали, студентите можат да извлечат најмногу од нивните студии. Па, ако сте некој кој очајно бара вистински и автентични онлајн извори за лекции во областа на компјутерите тогаш, за среќа имате огромен извор на информации на интернет. Во оваа статија ќе наведам дел од изворите/веб цтраните, на кои можете да најдете информативни материјали за компјутерската наука.



МИТ

 
Институтот за технологија Масачусец е добро познат по курсеви за компјутерската технологија. Универзитетот иницираше Онлајн проект под името МИТ Отворен курс (MIT OpenCourseWare) во 2002 година за да им помогна на студентите со материјали за учење за голем број на предмети по компјутерски технологии. Студентите имаат можност да се стекнат со бесплатен пристап до голем број на лекции, белешки, задачи, испити и проекти. Овие извори нудат лекции за вештачка интелегенција, компјутерско програмирање, компјутерски дизајн, оперативнни системи и др. Овие лекции не носат кредити.


Универзитет Мичиген

 
Универзитетот Мичиген е уште една популарна платформа за курсеви од областа на технологијата и компјутерите. Веб сајтот на универзитетот нуди материјали за симнување, како и видеа за најразлични предмети. Универзитетот Мичиген има канал на YouTube, каде студентите можат да прикачат или симнат лекции од различни теми. Популарни курсеви кои се често посетувани се компјутерска безбедност, компјутерска мрежа и компјутерско програмирање.

Национална програма за напредно изучување на технологијата - НПНИТ

 
Национална програма за напредно изучување на технологијата е проект на индиската влада која овозможува бесплатни лекции за компјутерска наука, преку веб ресурси и видеа. Сите видео лекции се достапни на каналот на НПНИТ на YouTube каде студентите можат да ја гледаат или симнат било која лекција. Овој канал има видеа за најразлични курсеви по компјутерски науки, кои вклучуваат компјутерски дизајн, компјутерско програмирање и вештачка интелегенција. На овој канал, има разни курсеви за компјутери кои вклучуваат компјутерски дизајн, програмирање, вештачка интелегенција, графички дизајн, компјутерски мрежи, мобилни компјутери итн.

Едукативен портал

Едукативниот портал е бесплатен извор на видео лекции за компјутерските науки. Со едукативниот портал студентите ќе можат да учат лекции за важноста на ИТ во бизнисите. Исто така, студентите можат да научат за најразлични видови на мрежи и курсеви кои се поврзани со компонентите на софтверот и хардверот. Овој сајт исто така нуди и подготвителни материјали за CLEP испити. Многу колеџи им ги признаваат даваат кредитите на студентите со CLEP испити, но студентите мора најпрво да го потврдат тестирањето со колеџот пред да се пријават за лекциите.

Проект за технолошка компјутерска документација

 
Проектот за технолошка компјутерска документација (The computer Technology Documentation project) е бесплатен портал кој исто така, нуди бесплатни часови и лекции од областа на компјутерите. Лекциите се организирани во различни веб страни и се поделени во “глави”. Лекциите покриваат голем број на аспекти од компјутерските науки, како на пример, вклучуваат компјутерска безбедност, мрежи, менаџмент на датабази, оперативни системи итн. Лекциите вклучуваат информации за TCP/IP протокол и мрежен дизајн. Кредитите од овие курсеви не се признаени од колеџите.


Cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование