X
 06.01.2021 Живот

Правел селфи-фотографии секој ден во период од 10 години - крајот ги покажува суптилните промени

Дали некогаш сте се запрашале како сте се промениле од тинејџерскиот период до зрелоста? Повеќето од нас веројатно би сакале да имаат видео што ќе ги покажува тие промени кадар по кадар.

Нил Греј токму тоа го имал на ум кога одлучил да прави селфи-фотографии секој ден во период од 10 години. Почнал кога имал 14 години и продолжил додека не наполни 24 години. Дефинитивно можете да ја видите разликата.

Како што вели тој, на почетокот го почнал проектот за да види како се менува неговиот изглед за период од една недела, но кога не забележал никаква разлика, одлучил да продолжи да го прави тоа подолг период.

- Идејата ми дојде кога играв со ефектите на веб-камерата на мојот лаптоп. Тогаш одлучив да се сликам секој ден, во период од една недела, за да видам дали ќе изгледам поинаку на крајот од неделата. Во тој период мислев дека завршувањето на задачата во период од една недела е доста импресивно и не планирав да продолжам. Но, полека тоа стана дел од моето секојдневие. Со текот на времето, од веб-камера на лаптопот се префрлив на други фотоапарати, па дефинитивно се забележува подобрувањето на квалитетот на фотографијата. Предизвик ми беше да правам селфи секој ден - вели тој.

1

2

3

4

5

6

7

8


Извор: Bored Panda
Фото: NiallyGtv
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот