Селфито стана прифатлива форма во фотографијата, па зошто не би можеле и животните да бидат фотографи?
Еден октопод направил селфи-фотографија и освоил награда за фотографот Гаетано Дарио Гаргиуло на натпреварот за најдобра подводна фотографија од океанот организиран од „Андерватер фотографи гајд“. Фотографијата била прогласена за најдобра
фотографија со широк агол.
Гаргуило, поточно октоподот, ја направил фотографијата во во Нов Јужен Велс, Австралија. Фотографот изјавил дека не знаел дека октоподот ја користел неговата камера. На фотографијата се гледа и тригодишниот син на фотографот. Во натпреварот се доделуваат награди во вредност 45.000 долари.
Автор: Гаел Фашингбауер Купер
Извор:
cnet.com
Фото: Screenshot/Instagram