X
 19.09.2020 Живот

Земјоделец засадил 2 милиона сончогледи за да им даде на луѓето причина за насмевка

По тешкиот почеток на 2020 година и светската пандемија, земјоделецот Скот Томпсон успеал да засади 2 милиона сончогледи со надеж дека ќе им даде на луѓето причина за насмевка. Скот управува со фарма во Бристол, на неколку километри надвор од Кеноша. Од патот минувачите можат да ги видат полињата со сончогледи.

За 25 долари, посетителите можат да одат на фармата и да шетаат низ сончогледите колку што сакаат. Тие можат да се фотографираат и да понесат десетина сончогледи дома.

- Од многу луѓе што доаѓаат тука слушам дека сакаат само да излезат од градот и да одат на место каде што би можеле да ја тргнат маската на неколку часа - вели тој. Томпсон се надева дека луѓето што ќе ја посетат неговата фарма ќе можат да уживаат во реалноста онаква каква што некогаш беше.

1

Засадувањето на сончогледите била идеја на сопругата на Томпсон. Тој почнал да засадува на поле од околу 8.000 квадратни метри. Подвигот на крајот пораснал во огромна операција од над 90.000 хектари.

На сончогледите им се потребни околу 60 дена за да созреат. Првото засадување било на 31 мај, а последното на 20 јули.

43

- Една од најубавите работи во врска со сончогледите е тоа што со нив се прават неверојатни фотографии. Направивме и пократки за совршено селфи и за посетителите да можат да го фатат „жолтото море“ зад нив - вели Томпсон.

5


Извор: Patch.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот