Правењето селфи е уметност, а малкумина го прават тоа толку добро колку Алан Диксон.
Познат како „шепкач на животни“, Алан Диксон ги украде срцата на интернет-корисниците низ светот уште пред многу години, кога неговата неодолива фотографија со животинчето квока стана вирална. Оттогаш Диксон направил уште многу селфи-фотографии со диви животни.
Секоја негова фотографија ги прикажува Диксон и фотогенично животно, кои позираат заедно како да се стари пријатели. Се чини дека Диксон ја извлекува нивната најдобра страна. Преку овие фотографии се запознаваме со животинското царство и учиме дека и таму постои разновидност исто како во човештвото.
Иако селфи-фотографиите изгледаат како да биле направени без напор, Диксон вели дека поминува доста време во присуство на животинчето за да му биде доволно пријатно со Диксон и да ја добие неговата доверба. Потоа ги прави селфи-фотографиите.
Покрај неговите шармантни фотографии со животни, Диксон го користи своето социјално влијание за да помогне да се направат промени.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram