X
 06.02.2019 Наука

Бактерии од системот за варење се поврзани со менталното здравје

Доколку недостигаат два вида бактерии во системот за варење, шансите за депресија се поголеми, тврдат научници од Белгија кои ја спровеле досега најголемата студија во која учествувале 1.036 луѓе.

Во истражувањето се собирани податоци за менталната состојба на испитаниците и паралелно биле анализирани нивни биолошки примероци. Научниците анализирале повеќе од 500 вида бактерии, барајќи ги оние што произведуваат невроактивни материи кои влијаат врз функциите на мозокот. Утврдено е дека два вида бактерии се во значително помала количина во организмите на луѓето што се болни од депресија, дури и доколку редовно ги земаат пропишаните антидепресиви.

- Свесни сме за тоа дека оваа теорија ќе ја заинтригира јавноста, но сметаме дека постои утврдена врска меѓу бактериите во органите за варење и депресијата. Досегашните истражувања на оваа тема се спроведени врз глувци, но и кај помал број луѓе, но ова е прва студија во која учествуваа толку многу испитаници - изјави Џерон Рес од катедрата за микробиологија на Универзитетот во Лувен.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука