X
 01.11.2017 Живот

Зошто бебињата се неодоливи?

Уредниците на популарниот канал на „Јутјуб“ - „АСАП Сајенс“ обрнуваат внимание на фактот дека малите деца, за разлика од поголемиот број други животински видови, се сосема немоќни, несамостојни и зависни од родителите подолг период по раѓањето.


Научниците заклучиле дека постојат докази дека бебињата се биолошки намерно неодоливи и тоа поради својата голема глава, големите очи и чело, како и поради меката, миризлива кожа што кај луѓето ги буди сите можни хормони на љубов.

Како што тврдат научниците, фактот дека бебињата ни се слатки и привлечни ја зголемува нивната шанса за преживување. Колку повеќе ви се допаѓа детето, толку повеќе со него ќе комуницирате, ќе го храните и штитите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот