Сите ние што имаме деца во градинка или на училиште потајно посакуваме да има родители што најдоброволно губат од своето слободно време за да се борат за подобри услови на децата во тие установи. Софија Стојкоска од Скопје е една таква мајка. Нејзе никогаш не ѝ е тешко да учествува на работилница, да создаде изработки и да ги подари на градинката „Орце Николов“ во Карпош 2, да даде креативна идеја, па и да направи нешто заедно со децата и воспитувачките. 32-годишната Софија не е посебна само поради тоа. Таа е мајка на четири прекрасни девојчиња, но и медицински лаборант во болницата „8 Септември“.