X
 06.02.2020 Култура

Кирк Даглас: Процесот на учење продолжува додека не умрете

Кирк Даглас почина во 103-тата година од животот. Тој е еден од најлегендарните актери на сите времиња.

Ова се неколку мисли за животот и кариерата што тој ги има кажано во различни пригоди:

- Ако сакате да дознаете нешто за човек, можете многу да дознаете ако погледнете со кого е во брак.

- Кога ќе станеш ѕвезда, ти не се менуваш - сите други се менуваат.

- Процесот на учење продолжува додека не умрете.

- Љубовта има поголема длабочина како што стареете.

- Дојдов од голема сиромаштија. Немаше каде да одам освен нагоре.

- Луѓето секогаш зборуваат за старите денови. Велат дека старите филмови биле подобри, дека старите актери биле одлични. Но, јас не мислам така. Сè што можам да кажам за старите денови е дека поминале.

- Сите деца се природни актери и јас сè уште сум дете. Ако целосно пораснете, никогаш не ќе можете да бидете актер.

- Стравот е ужасно нешто. Те тера да правиш грозни работи.

- Славата е исто толку среќа колку и талент, можеби и повеќе.

- Имам еден компјутер кој ми го даде жена ми. Сè што знам и што правам секој ден е да играм „Спајдер солитер“. И немам мобилен телефон.

- Некогаш она што те врзува и те ослободува.

- Не почнав за да бидам филмска ѕвезда. Почнав за да бидам актер.

- Ние бевме многу сиромашна фамилија. Кога бев дете, ќе седевме во нашата мала соба и речиси секоја вечер некој скитник ќе тропнеше на вратата и ќе молеше за храна. Иако немавме доволно да јадеме, мајка ми секогаш наоѓаше нешто да им даде.

- Мислам дека религијата има предизвикано многу катастрофи во светот.

- Слушај - пејсмејкер, хеликоптерска несреќа, мозочен удар. Што значи тоа? Господ не ме сака сега. Тоа е сè.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура