Сигмунд
Фројд се смета за еден од највлијателните, но и најконтроверзни научници на 20 век. Ви нудиме некои цитати кои откриваат што мислел познатиот психоаналитичар за љубовта, животот и соништата.
- Само остварување на соништата од детството може да донесе среќа.
- Ние не се избираме едни со други случајно... ги среќаваме само оние што веќе постојат во нашата потсвест.
- Љубовта е најсигурниот начин за надминување на срамот.
- Личноста која била миленик на својата мајка во текот на својот живот носи чувство на победник и верува во среќата, што често доведува до вистински успех.
- Депресијата е замрзнат страв.
- Да се биде искрен со себе е добра вежба.
- Зошто не се заљубуваме во некој нов секој месец? Затоа што со секое раскинување мора да изгубиме дел од нашето срце.
Фото: Screenshot/YouTube
- Признавањето на проблемот е половина успех во неговото решавање.
- Повеќето луѓе не ја сакаат навистина слободата бидејќи слободата вклучува одговорност. А повеќето луѓе се плашат од одговорност.
- Неискажаните емоции никогаш нема да умрат. Тие се живи закопани и ќе излезат подоцна на многу лоши начини.
- Никогаш не сме толку беспомошни пред страдањето како кога љубиме.
- Каде и да одам, откривам дека некој поет бил таму пред мене.
- Ако младоста знаеше, ако староста можеше.
- Колку е посовршена личноста однадвор, толку повеќе демони има внатре.
- Единствената личност со која треба да се споредиш себеси си ти од минатото.
- Кога не сакаш една личност, тоа е затоа што те потсетува на нешто што не го сакаш кај себе.
- Кучињата ги сакаат своите пријатели, а ги касаат непријателите, за разлика од луѓето, кои се неспособни за чиста љубов и секогаш мора да ги мешаат љубовта и омразата.
- Гласот на интелектот е мек, но не се смирува сè додека не биде слушнат.