X
 06.02.2021 Наука

Како ќе изгледа универзумот по 500 милиони години?

Има многу работи што не ги знаеме за универзумот, а она што го знаеме се заснова на податоци стари илјадници години. Затоа веројатно не може да предвидиме што ќе се случува со универзумот по 500 милиони години. Многу е веројатно дека луѓето одамна ќе бидат изумрени или ќе живеат на други планети.

Се проценува дека универзумот е стар 13,8 милијарда години, а иако се чини дека е стабилен, тој постојано се движи и се менува. Постојано се раѓаат и умираат ѕвезди, астероиди удираат во планети и црни дупки голтаат сè околу нив.

Гравитацијата постојано ја менува положбата на вселенските тела, а повеќето модели покажуваат дека универзумот се шири. Сето тоа го прави невозможно предвидувањето на изгледот на универзумот за 500 милиони години.

Она што го знаеме е дека повеќето ѕвезди што денес ги гледаме на небото ќе станат супернови и ќе експлодираат дотогаш. Но истовремено ќе се создаваат нови ѕвезди, па се проценува дека на небото ќе има 1,5 милијарда нови ѕвезди од нашата галаксија за 500 милиони години. Дотогаш некои соѕвездија нема да бидат препознатливи.

Згора на тоа, во овој период ќе бидат формирани многу црни дупки, кои се создаваат брзо, а умираат бавно. Повеќе модели предвидуваат дека на крајот во универзумот ќе останат само црни дупки.


Извор: Unveiled/Youtube 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука