X
 03.06.2019 Наука

Студенти изградиле и лансирале ракета во вселената

Група студенти од Универзитетот во Јужна Калифорнија станале првите студенти што некогаш испратиле ракета во вселената.

Ракетата „Травелер IV“ достигнала висина од 103 километри и максимална брзина од 5.450 километри на час.

- Бевме премногу возбудени. Не знаевме дали ракетата стигна до вселената или не. Но, знаевме дека ракетата е функционална, остана недопрена и понатаму пренесуваше податоци. Беше без преседан за нас да добиеме информации на патот надолу. Знаевме дека имаме добри шанси да стигне до вселената врз основа на сите наши симулации. Сите плачевме - велат студентите.

Уште од основањето во 2005 година, лабораторијата за ракетен погон се обидувала да ја испрати ракетата во вселената, а континуитетот бил еден од најголемите предизвици на тимот.

- Тешко е што на факултет сме само неколку години. Луѓето со најдолг стаж во лабораторијата се тука само три и пол години. Ги губите најдобрите 25 отсто секоја година. Моравме да работиме напорно за пренесување на нашите податоци, искористувајќи го она што го знаевме, она што го научивме, лекциите што ги научивме, притоа обидувајќи се да не ги повторуваме истите неуспеси - велат студентите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука