X
 06.02.2023 Технологија

„Мајкрософт ворд“ добива „Чет-ГПТ“ интеграција

Додатокот наречен „Гоустрајтер Чет ГПТ“ овозможува користење на вештачка интелигенција додека работите во „Мајкрософт ворд“.

Алатката на компанијата „Оупен еј-ај“ ја освојува планетата со генерирање текстуални одговори на барање на корисникот.

Текстуалните податоци може да се имплементираат во стотици апликации, а се верува дека оваа интеграција го олеснува процесот на пишување. Додатокот овозможува користење на вештачка интелигенција во рамките на „Ворд“ така што корисникот ги импелементира одговорите на ботот во документот додека е активна алатката.

„Чет ГПТ“ е дело на „Криејтив дата студиос“. Алатката вклучува и други карактеристики, како што е опција за конфигурирање на должината на одговорот во „Ворд про едишн“.

Основната верзија на оваа програма ќе се користи на „Виндоус“ и „Мак“ оперативни системи, но и преку интернет-пребарувачите. Достапен е во пакетите „Офис 2019“ и 2021, како и во „Мајкрософт 365“.

Со оглед на тоа што „Чет ГПТ“ има своја платена верзија, употребата на вештачка интелигенција за комерцијални цели ќе има посебни придобивки.

За да ја инсталирате алатката, потребно е да одите во продавницата на „Офис“. Додатокот може да биде отстранет од продавницата кога „Мајкрософт“ ќе ја претстави сопствената имплементација во „Ворд“. Неодамна „Мајкрософт“ одлучи да го интегрира „Чет ГПТ“ во својот интернет-пребарувач.

Извор: Benchmark.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија