X
 14.02.2018 Технологија

„Месинџер“ има изненадување за паровите

Некои од новитетите се промени во изгледот, додека некои знаат навистина да изненадат и да потсетат дека „Фејсбук“ секогаш набљудува што се случува со своите корисници.


Откако ќе потврдите дека сте во врска со некого, четот автоматски ќе се отвори за двајцата, со многу движечки срца преку екранот. „Фејсбук“ потоа ќе понуди опција да се променат емотиконите, боите и прекарите во четот. Една промена што ќе биде корисна е таа што лицето со кое сте во врска секогаш ќе биде на врвот на листата со активни пријатели.

Автоматските опции за избирање на саканите бои и емотикони се обид на „Фејсбук“ да им ги понуди на луѓе кои можеби не би ги нашле во морето други опции, но инсистирањето на „Фејсбук“ за опциите да се појават во моментот на потврдување на статусот на врска може да се смета како преголема потреба за внимание, пишува „The Verge“.

Освен тоа, чудно е и што овие промени пристигаат секој месец, и покрај тоа што директорот на „Месинџер“ изјави дека апликацијата е пренатрупана и е во процес на масовно поедноставување.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија