X
 06.03.2015 Образование

Како да најдете работа додека студирате?

Со започнување на студиите на факултет, голем дел од вашата концентрација ќе биде насочена кон полагање на испитите и завршување на вашите студии. Но, покрај тоа голема е шансата дека ќе ви треба и работа за да ги подмирите сите трошоци кои студентскиот живот ги наложува.

Во денешно време, наоѓање на соодветна работа додека се школувате може да биде прилично тешко, така да ќе ви биде потребна сета помош што може да ја добиете. Секако, постојат многу совети кои може да ви помогнат и да го направат процесот на наоѓање работа полесен.

1. Запознајте се со условите за аплицирање

За различни видови работа, постојат различни квалификации и предуслови кои треба да се исполнат. Потребно е да знаете што се бара на конкретното работно место пред да аплицирате. На пример, доколку сте на правен факултет, сигурно ќе сакате да најдете некоја работа која има врска со правото, за што може да ви биде потребна некоја лиценца.

2. Искористете ја вашата мрежа на контакти

Најверојатно, за време на вашите студии, веќе сте креирале некоја мрежа на контакти со студенти и професори. Оваа мрежа на луѓе може да ви помогне да најдете работа. Доколку барате работа во одреден сектор, зборувајте со луѓето што ги познавате кои се на некој начин инволвирани во тој сектор. Вклучете ги тука и луѓето што ги познавате надвор од вашиот факултет, вклучувајќи ги вашите родители, и семејни пријатели.

3. Сфатете го интервјуто сериозно

Доколку успеете да добиете интервју, сфатете го сериозно. Дури и да не ви се допаѓа работата, сепак можете да го искористите процесот на интервју како едно искуство плус.

4. Побарајте работа на факултет

Наоѓање на работа во факултетот каде што студирате е одлична можност за вас. Всушност, вашиот факултет веројатно има многу отворени позиции, само треба да се распрашате. Работата на факултетот ви овозможува да ги ставите вашите студии секогаш на прво место.

5. Земете учество во професионални организации

Приклучувањето кон професионални организации е одличен начин за да најдете работа додека студирате. Станувајќи член на вакви организации е добро и за вашето резиме, бидејќи додава професионализам во вашата апликација за работа.

Запомнете, работата која ќе ја најдете за време на студиите најверојатно нема да биде работата која ќе ја задржите засекогаш, но сигурно ќе ви помогне во стекнување искуство и обезбедување на понатамошна работа за која сте сонувале.

Извор: Online Cultus

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование