X
 18.10.2022 Образование

Во кои европски земји може да работите додека студирате?

Некои студенти работат додека студираат за да ги платат студиите, да им помогнат на семејствата или за да ги надградат своите вештини.

Повеќе европски земји имаат закони кои им дозволуваат на студентите да работат додека студираат. Во ЕУ, средношколците постари од 15 години може да работат. Исклучок се некои земји, како Италија, каде што децата мора да одат на училиште од 6 до 16 години. Од друга страна, во Германија легално може да се работи од 13-годишна возраст со дозвола од родител.

За оние што размислуваат да студираат во странство, еве кои земји нудат најдобри услови за работа во текот на студирањето.

Франција

Студентите може да работат додека студираат во Франција. Дозволено е да се работи максимални 670 часа во периодот од 1 септември до 30 јуни, а не повеќе од 300 часа во текот на летото.

Студентите може да стажираат додека студираат, а праксата се плаќа до 600 евра месечно ако се стажира повеќе од 2 часа дневно. Праксата се пресметува во вкупниот број дозволени часови за работа годишно.

Шведска

Студентите, домашни и странски, може да работат во Шведска. Нема ограничување на работните часови, но тешко е да се најдат работи со половина работно време. Затоа се препорачува стажирање.


Фото: Pixabay

Германија

Домашните студенти може да работат во Германија во слободното време, но странските студенти може да работат најмногу 20 часа неделно додека траат предавањата. За време на паузите, нема ограничување.

Данска

Студентската виза во Данска го дава правото за работа до 20 часа неделно во текот на учебната година, а нема ограничување за време на распустот. Студентите може да добијат околу 16 евра за час доколку работат во Данска.

Финска

Работите со половина работно време се платени околу 500 евра месечно, но странските студенти во Финска може да работат до 25 часа неделно во текот на учебната година. Студентите може да работат со полно работно време без работна дозвола за време на распустот.

Норвешка

Многу студенти во Норвешка работат за време на студиите, особено странските студенти. Не треба работна виза доколку сакате да работите во Норвешка како студент во прва година, но таа е потребна од втората година.

Работите со половина работно време може да бидат платени и до 4.000 евра во Норвешка, но најчесто е потребно знаење на јазикот.

Естонија

Оваа земја им дозволува на студентите да работат за време на студиите доколку имаат студентска виза. Тие може да останат да работат 6 месеци по дипломирањето доколку добијат дозвола од универзитетот. Нема ограничување за работните часови, а просечната плата во Естонија е 1.300 евра.

Извор: Schengenvisainfo
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование