X
 06.03.2017 Култура

Екхарт Толе: „Не можете да се пронајдете себеси одејќи во минатото“

Екхарт Толе е духовен учител и автор на неколку бестселери меѓу кои и „Моќта на сегашниот момент“ и „Нова земја“. Во 2011 година беше прогласен за највлијателниот духовен учител во светот.

На 29 годишна возраст Толе поминал низ внатрешно преобразување предизвикано од депресијата во неговото детство. После тоа, тој се посветил себеси на целосно разбирање, интегрирање и продлабочување на оваа трансформација. Ова го назначило почетокот на интензивно внатрешно патување.

Во неговото учење лежи трансформацијата на свеста, духовното будење кое се чини дека е централен важен дел на човечката и глобалната трансформација и еволуција. Основниот пристап на ова будење лежи во надминување на нашата его-базирана состојба на свеста. Неговиот пристап започнува со основното прашање: „Дали сум еден или два?“

Неговите инспиративни цитати се поврзани со будење на свеста, а тие обезбедуваат подобра трансформација кога тие се потврдени и применети. Ова се дел од нив.

Некои промени изгледаат негативно на површина, но наскоро ќе сфатите дека тој простор е создаден во вашиот живот за да се појави нешто ново.

Длабоко сфатете дека сегашниот момент е се` што имате. Направете го сега основен фокус на вашиот живот.

Прифатете, а потоа делувајте. Без оглед на тоа што содржи сегашниот момент, прифатете го како да сте го избрале. Секогаш работете со него, а не против него.

Животот е сега. Никогаш не било време кога вашиот живот не бил сега, ниту пак ќе биде некогаш.

Никогаш ништо не се случува во минатото, се случува Сега. Никогаш ништо не се случува во иднината; ќе се случи Сега.

Квалитетот на вашата свест во овој момент е она што ја обликува иднината - која, единствено може да се доживее само како Сега.

Да се биде ослободен од времето е да се биде ослободен од психолошката потреба за минатото за вашиот идентитет и иднината на вашето збиднување.

Вознемиреност, анксиозност, напнатост, стрес, грижи - сите форми на страв - се предизвикани од премногу иднина, и недоволно сегашност. Вина, жалење, лутина, незадоволство, тага и огорченост и сите форми на непростување се предизвикани од премногу минато и недоволно сегашност.

Не можете да се пронајдете себеси одејќи во минатото. Можете да се пронајдете себеси доаѓајќи во сегашноста.

Животот ќе ви го даде она искуство најпотребно за еволуцијата на вашата свест. Како знаете дека ова е искуството кое ви треба? Бидејќи ова е искуство кое го имате во моментот.

Мирот ќе го најдете не со преуредување на околностите на вашиот живот, туку со сфаќање дека сте во најдлабокото ниво.

Дали постои разлика помеѓу среќата и внатрешниот мир? Да. Среќата зависи од условите кои се сметаат за позитивни; внатрешниот мир не зависи.

Примарната причина за незадоволство никогаш не е ситуацијата, туку вашите мисли за неа.

Знаењето за доброто кое е присутно во вашиот живот е основата за изобилството.

Животот не е толку сериозен колку што умот го прави да биде.

Примарната причина за несреќа никогаш не е ситуацијата, туку вашите мисли за неа. Бидете свесни за мислите за кои размислувате. Одделете ги од ситуацијата, која секогаш е неутрална.

Смртта е разголување на сето она што не сте вие. Тајната на животот е да „умрете пред да умрете“ и да откриете дека не постои смрт.

Духовноста нема врска со она во кое верувате - туку со вашата состојба на свеста.

Сите работи кои се навистина важни - убавина, љубов, креативност, радост, внатрешен мир - произлегуваат надвор од умот.

Љубовта, радоста и мирот не можат да се развиваат се` додека не се ослободите од доминација на умот

Поголемиот дел од човечката болка е неопходна. Таа е само-создадена се` додека незабележливиот ум ви го уништи животот.

Сите желби се умот кој бара спас или исполнување во надворешните работи и иднината, како замена за радоста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура