Дел од безвремените мудрости на
Маја Ангелу:
„Научив дека луѓето ќе заборават што сте рекле, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас.“
***
„Не постои поголема агонија од онаа да носиш во себе неизречена приказна.“
***
„Кога нешто не ти се допаѓа, треба да го промениш. Ако не можеш да го промениш, промени го начинот на кој размислуваш за него. Немој да се жалиш.“
***
„Се воодушевуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои поминала за да ја достигне таа убавина.“
***
„Храброста е најважната од сите доблести затоа што без неа ниту една доблест не можеш да ја практикуваш доследно.“
***
„Не им верувам на луѓето што не се сакаат, а велат: ’Те сакам‘. Постои една африканска изрека - биди внимателен кога гол човек ти нуди кошула“.
***
„Тогаш го направив тоа како што знаев и умеев. Сега кога знам повеќе, ќе го направам истото тоа подобро.“
***
„Успех е кога се сакаш самиот себе, го сакаш она што го работиш и го сакаш начинот на кој работиш.“
***
„Никогаш како приоритет не ставај го оној на кого си му само една опција на располагање.“
***
„Можеш да станеш вистински реализиран во нешто што го сакаш. Парите нека не бидат твојата цел. Наместо тоа, следи го она што го сакаш и прави го тоа толку добро што луѓето не ќе можат да го тргнат погледот од тебе.“
***
„Ако секогаш се обидуваш да бидеш нормален, никогаш нема да дознаеш колку неверојатен можеш да бидеш.“