X
 06.03.2019 Наука

Откриен материјал за посилни и подолготрајни пломби на забите

Кога одите на забар со расипан заб, претпоставувате дека пломбата што ќе ви ја стават ќе трае бесконечно. Но, пломбите имаат ограничен животен век и затоа треба да се менуваат.

Но, сега нов стоматолошки материјал и ново лепило што ја држи пломбата во забот може да им помогнат на пломбите да траат подолго отколку претходно.

Развиен од научниците од Училиштето за стоматологија, дел од Универзитетот за здравје и наука во Орегон, композитниот материјал е двапати поотпорен на оштетување од регуларниот материјал за пломба. Меѓу другото, вклучува и тиоретан, соединение што најчесто се користи во заштитната обвивка за палубите и автомобилите.

Лепилото, пак, содржи полимери наречени (мет) акриламиди. Во споредба со стандардните забни лепила, се смета дека е многу поотпорно на штета предизвикана од вода, бактерии и ензими во устата - откако било тестирано шест месеци во симулирана орална средина и се покажало дека е 30 отсто посилно од обичните лепила.

- Денешните дентални пломби обично траат седум до десет години. Тие пукаат под притисокот од џвакањето или има празнини помеѓу пломбата и забот, што им овозможува на бактериите да влегуваат и да формираат нова шуплина. Посилните стоматолошки материјали значи дека пациентите нема да мора да ги поправаат пломбите или да ги заменуваат толку често. Ова не само што заштедува пари туку и спречува посериозни проблеми и посеопфатен третман - вели професорот Кармем Фајфер, кој учествувал во истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука