X
 10.12.2017 Наука

Хормонската контрацепција поврзана со зголемен ризик од рак на дојка

Ново истражување ја потврдува теоријата дека земањето на хормонски контрацептивни средства го зголемува ризикот за развивање на рак на дојка. Овие откритија веќе се познати, но студијата се фокусира во најголем дел на формулации и методи за достава кои биле развиени уште во средните 1990-ти, што значи дека новите контрацептивни средства на пазарот даваат свој придонес на проблемот.

фото извор: Shutterstock

Студијата била спроведена од истражувачи од универзитетот во Копенхаген, а работеле со податоци собрани од 1.8 милиони жени од Данска, на возраст помеѓу 15 и 50 години. Жените биле следени во времетраење од 11 години. Оние кои земале одредена форма на хормонски контрацептивни средства, орално или на било кој друг начин, ризикот за добивање рак на дојката, бил значително зголемен. Ризикот исто така, зависи од количината на времето колку што е земано контрацептивното средство – ако е помалку од година, зголемувањето ќе биде за 9%. За повеќе од декада, зголемувањето е 38%.

Интересно е што, оние кои земале контрацепција повеќе од 5 години, мал, но значителен ризик останува по прекинот на употребата. Претходни студии не пронашле таква упорност во ризиците, што бара подетално истражување.

Студијата е важна бидејќи е спроведена на голем број на луѓе, но и заради фактот што токму таа голема бројка на луѓе им дозволува на тимот научници да споредуваат различни формулации од хормонска контрола на раѓање. Студијата исто така сугерира дека дури и новите генерации на контрацепции базирани на хормони, можат да го зголемат ризикот за рак на дојка.

Иако 38% изгледа застрашувачки, но важно е да се земе предвид дека ризикот за рак на дојка кај помладите жени е ретка појава. Кај оние на возраст под 35 години, земањето на хормонска контрацепција помалку од една година, додава по еден нов случај на рак на дојка на секои 50.000 жени.
Други ризик фактори вклучуваат семејна историја, ризична бременост, но не вклучува фактори како физичка активност. Исто така, се додава дека земањето на контрацепција орално во мала доза ги намалува шансите за развивање на други болести подоцна во животот.

Ваквите студии имаат улога да инспирираат понатамошен труд во развивање на контрацепција која нема последици и ризици. Или да се поттикне развивање и на машка контрацепција.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука