Во потрага по докази за вонземен живот, неодамна во Колумбија беше откриен мумифициран фетус кој предизвикува сомнежи дека би можел да биде поврзан со вонземјани или можеби бил вид на мал хуманоид од пред 800 години.
Овој чуден примерок има издолжен череп, невообичаено големи очи и помал број ребра во споредба со луѓето: 10 наместо вообичаените 12. Откритието е на шпанскиот истражувач Хосеп Гијаро, кој ги добил сликите од анонимен извор.
Гијаро не го означил овој примерок како вонземен иако забележал необични карактеристики. Постои можност да се работи за фетус на човечко суштество или некој вид мал хуманоид, како „Атом“, сличен примерок пронајден во Чиле во 2003 година.
- Сигурен сум дека некој во Мексико веќе би го означил како вонземјанин. Јас би сакал да бидам повнимателен - изјави Гијаро.
Откритието предизвикува дебата меѓу истражувачите и ентузијастите на теориите за вонземјани, при што некои тврдат дека е доказ за вонземен живот, додека скептиците веруваат дека се работи за човечки фетус или некој друг земен објект.
Додека истражувањето продолжува, ова откритие останува фасцинантна енигма во нашата потрага по вонземен живот.
Извор:
Klik.hr
Фото:
Twitter